Џенифер Анистон на своите обожаватели на Инстаграм им ја покажа гардеробата во нејзината вила во Бел-Ер вредна 21 милион долари. Актерката сподели фотографии од нејзиниот луксузен гардеробер, а нејзинот гардеробер е токму онаков каков што би замислиле – голем и прекрасен.
Плакарот е како моден бутик и е направен од дрвени ѕидови, а е толку голем што може да собере дури и неколку членови од нејзиниот тим. Во едниот дел има и катче за убавина со големо огледало со светла и столче за седење додека е во тек шминкањето.
View this post on Instagram
Фотографиите покажуваат како ѕвездата се подготвувала за People’s Choice Awards каде доби награда за улогата во The Morning Show. Вечерта ја одбележа нејзиниот фустан кој покажа дека малиот црн фустан никогаш не разочарува.