СТАНДАРД life
Шоубиз

📽 Oддадена почест на Метју Пери на доделувањето на Еми наградите

Како и секогаш на Еми наградите, така и годинава им е оддадена почест на уметниците кои нè напуштија, меѓу кои е и Метју Пери.

Сегментот In Memoriam секогаш предизвикува солзи, а неговите обожаватели особено биле погодени кога се слушнала темата од серијата Friends.

Музичарот Чарли Пут ја изведе песната See You Again додека на екранот се појавија имињата на починатите уметници.

Последната фотографија која ја прикажаа беше на Метју Пери, а Чарли (со придружни вокали) го испеа делот „Cause you’re there for me too“.

„Метју Пери секогаш ќе биде тука за нас“, „Леле, тематската песна на ‘Пријатели’ на оддавањето почест на Метју Пери на Еми навистина ме воодушеви“, „Не бев подготвен за Метју Пери на крајот“, коментираа луѓето на социјалните мрежи.

Поврзани вести

Протекоа нови детали: Метју Пери имап препишани антидепресиви во куќата, но не и илегални супстанци

Radmila Tasevska

Хенри Кавил сериозно повреден за време на снимањето на „Хајлендер“

Urednik

🎬📷Дакота Џонсон во проѕирен фустан и без долна облека привлече внимание на Филмскиот фестивал во Цирих

Urednik