СТАНДАРД life
Шоубиз

Брајан Адамс за врската со принцезата Дијана: „Се обидов да ја спасам од се…“

Канадскиот музичар Брајан Адамс деновиве откри како се обидел да ја „спаси“ принцезата Дијана пред таа да загине во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.

Дијана, заедно со нејзиниот љубовник Доди Фајед и возачот Анри Пол, ги загубија животите додека се обидуваа да им побегнат на француските папараци, а Адамс во средината на 1980-тите ја напиша познатата песна Дијана за нејзиниот осуден брак со тогашниот принц Чарлс.

По нејзината смрт тој ја повлече песната, а сега, 26 години подоцна, ја откри приказната за нивната блиска врска. Инаку, еднаш се шпекулираше дека тие се во врска, а гласините се проширија во 2003 година кога поранешната на Адамс, Сесил Томсен изјави дека на нивната романса баш и не помогнала аферата со Дајана.

„Имавме многу, многу добри разговори, морам да ви кажам. Всушност, чудно и надреално е да се размислува за тоа. Навистина, многу ми се допадна Дијана, таа беше неверојатна жена и супер голема инспирација. Запознавањето со неа е навистина една од најголемите работи што ми се случиле“, признал Адамс во интервју за „Тајмс“, додавајќи дека некако „се обидел да ја спаси од се“.

Поврзани вести

ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈКА: Џегер во среда го слави својот 80-ти роденден, а на забавата кани повеќе од 300 луѓе

Urednik

(Фото) Никогаш не била „пожешка“: Дуа Липа во минијатурно бикини го покажа совршеното тело!

Urednik

Аријана Гранде и Далтон Гомез официјално поднесоа барање за развод

Urednik