На холивудскиот актер Бред Пит не му требаше долго да реагира на новата врска меѓу неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон и хипнотизерот Џим Кертис.
„Бред не можеше да биде посреќен што Џенифер пронашла љубов со некој како неа“, тврди близок пријател на Пит. „Нивниот брак заврши пред речиси 20 години, но Бред никогаш не ги изгуби чувствата кон неа. Кога ќе го пронајдете вистинскиот партнер, сè едноставно си доаѓа на свое место и тој се надева дека истото ќе биде и со Џенифер.“
По разводот во 2005 година, и Бред и Џенифер тргнаа по својот пат, таа се омажи за режисерот Џастин Теру, а Пит беше во брак со Анџелина Џоли, со која помина низ пеколот на бракоразводната парница. Сепак, додека Анистон ужива во стабилна врска, Пит сè уште се справува со последиците од разводот, како и со фактот дека сето тоа предизвика да се оддалечи од своите деца.
На приватен план, Бред е во врска со Инес де Рамон две години и сите негови пријатели, вклучувајќи го и Џорџ Клуни, ја поддржуваат оваа љубов. Тие се убедени дека бракот со Инес би можел да биде вистинскиот чекор за конечно затворање на поглавјето од неговото минато.
И покрај јавната драма и правните битки со Анџелина Џоли, вклучувајќи ги и сериозните обвинувања што Пит отсекогаш ги негирал, актерот очајно сака да се смири со своите деца и да најде мир во приватниот живот.