СТАНДАРД life
Шоубиз

Бритни Спирс откри дека татко ѝ бил алкохоличар

Пејачката Бритни Спирс ги напиша мемоарите под името „Жената во мене“, а книгата ќе биде пуштена во продажба следната недела.

Таму таа откри бројни непознати детали од својот живот, а се осврна и на проблематичниот однос со нејзиниот татко Џејми, кој до минатата година го имаше старателството над неа и целосно го контролираше животот на пејачката.

Бритни сега призна дека нејзиниот татко имал проблем со алкохолот, и дека станувал неподнослив кога се опивал.

„Татко ми пиеше додека не можеше повеќе да размислува. Си заминуваше од куќата на неколку дена. И кога беше пијан, стануваше многу злобен“, напишала таа, пренесе „Сан“.

Како што истакнала, поради сето ова и тој бил отпуштен од работните места на кои работел.

„Стресот од немањето доволно пари беше дополнет со хаосот предизвикан од екстремните промени во расположението на татко ми. Посебно се плашев да влезам во автомобилот со него бидејќи знаеше да зборува сам со себе додека вози. Не ни разбрав што зборува. Се чинеше дека тој е во свој свет“, напиша пејачката и истакна дека татко ѝ бил суров кон неа и кога била дете.

Но, во тоа време немав поим зошто тој беше толку тежок со нас и зошто што и да направевме не изгледаше доволно добро во неговите очи. Најтажно за мене беше тоа што отсекогаш сакав татко кој ќе ме сака таква каква што сум, некој што ќе рече: Те сакам, точка“, признава таа.

Пејачката напишала и дека поради нефункционалното семејство и сето она што го доживеала, добила навика да се затвора во плакари, а спасот го нашла во пеењето.

Поврзани вести

Не зборува со нејзиниот татко, но тоа не ја спречи Кејт Хадсон повторно да се зближи со нејзината полусестра

Urednik

И Кејт и Вилијам се расправаат: Блиска личност открива кој го крева тонот и кој ја „спушта топката“

Urednik

Калиста Флокхарт (59) е непрепознатлива во најавата за новата сезона на серијата Феуд

Radmila Tasevska