СТАНДАРД life
Шоубиз

Џеки Чен се игра себеси во нова акциона комедија

ЛЕГЕНДАРНИОТ Џеки Чен подготвува нов филмски проект. И покрај годините, овој 69-годишник не планира да се пензионира, но сепак сака да го работи она што го сака.

Така тој планира да глуми во новиот филм Panda Plan, во кој ќе треба да спаси ретка панда. Заплетот на филмот се врти околу мала и ретка панда родена во кинеска зоолошка градина. Таа станува светска сензација и, за да ја има за себе, тајкун од Блискиот Исток испраќа платеници да ја киднапираат. Во оваа спасувачка операција ќе мора да се вклучи и Чeн, кој се игра себеси.

Филмот ќе го режира Џанг Луан, додека на продукцијата ќе работат Mandarin Motion Pictures и Wishart Media. Покрај Чан, во филмот ќе играат и Ши Це, Веи Ксијанг и Хан Јанбо. Бидејќи производството е во тек, Panda Plan се очекува да биде објавен во 2024 година.

Ова нема да биде единствениот филм на мајсторот за боречки вештини следната година. Покрај Panda Plan, Чeн треба да се појави и во четвртиот дел од легендарните франшизи „Rush Hour“ и „Kung Fu Panda“.

Поврзани вести

📸 Канје Вест со сопругата на дуел од ЛШ во Милано

Radmila Tasevska

📷Тејлор Свифт е личност на годината за 2023 година на „Time“ магазинот

Urednik

📽Сандра Булок му ја исполни последната желба на својот покоен партнер

Urednik