24.8 C
Скопје
18 септември, 2025
СТАНДАРД life
Шоубиз

Џими Кимел повторно ќе ги води „Оскарите“

Комичарот Џими Кимел по четврти пат ќе биде домаќин на Оскарите, објавија во средата организаторите на најпрестижната холивудска церемонија.

„Отсекогаш сум сонувал четири пати да бидам домаќин на Оскарите“, се пошегува во изјавата 56-годишниот актер и водител на американското шоу „Џими Кимел во живо!“.

96-тото доделување на Оскарите ќе се одржи на 10 март 2024 година.

„Џими се етаблира како еден од најголемите водители на Оскар на сите времиња благодарение на неговиот совршен спој на добрина и хумор“, изјавија извршните продуценти на церемонијата Раџ Капур и Кети Мулан.

Кимел беше домаќин на настанот во 2017, 2018 и 2023 година.

Оскарите веќе неколку години немаат добра публика, а еден од начините да се врати преносот на церемонијата во златното доба кога го гледаа 50 милиони гледачи е да се избере познато лице како Кимел.

Овојпат доделувањето на престижната филмска награда ќе се изврши во време кога Холивуд закрепнува по шестмесечната парализа поради штрајкот на сценаристите и актерите.

Штрајкот, каков што не е забележан од 1960-тите, поттикна големи тензии меѓу филмските студија и работниците во индустријата што ја потресуваат стримингот и вештачката интелигенција.

Поврзани вести

Ги одложи сите концерти: Знаете ли од што боледува Брус Спрингстин?

Urednik

Руски тајкун го предупреди Круз за новата девојка: „Држи ги очите широко отворени… И паричникот“

Urednik

Ким Кардашијан го ископира изгледот на Салма Хајек од познат филм (ВИДЕО)

Radmila Tasevska