Поранешната сопруга на српскиот водител Огњен Амиџиќ, манекенката и водителка Данијела Димитровска го изговори судбоносното „да“ на нејзиниот партнер Јеврем Косниќ.
Венчавката се одржа во црква надвор од Белград, во кругот на семејството, а водителката ја објави среќната вест на својот Инстаграм профил.
Двојката ќе има голема свадба на која ќе присуствуваат голем број нивни пријатели, соработници и членови на поширокото семејство, објави српски „Блиц“.
Момчето на Данијела Димитровска со години професионално се занимава со спорт. Јеврем Косниќ е роден во Швајцарија, Сент Гален и е поранешен српски фудбалер.
View this post on Instagram
На почетокот на кариерата играл за Црвена Звезда, а како сениор играл прво во ФК Рад, а потоа во ФК Бежанија.
Потоа играше за италијанскиот клуб Реѓина, а потоа се врати и играше за Војводина. Таму остана само една сезона.
Подоцна, тој играше и за романскиот клуб Клуж, а кариерата ја заврши во Италија во Таранто во 2020 година.
Инаку, Косниќ е пет години помлад од водителката, но таа разлика воопшто не ги загрижува.
– Ова е личноста поради која сум во Црна Гора последната година, интензивно. Моето момче не е Црногорец, но немаше да имам никаков проблем да беше. Тој гради зграда тука и морам да го пофалам моето момче бидејќи не зборувам често за него, особено не вака јавно, но сега тој го заслужува тоа. Тој ги изгради сите овие станови како да ќе живее во нив. Тој работи и создава тука, а ние сме му морална поддршка – рече неодамна Данијела.
