СТАНДАРД life
Меган Маркл и принцот Хари на Денот на благодарноста / Фото: Принтскрин /Инстаграм
Шоубиз

(Фото) Некои парадираа, некои им помогнаа на бездомниците: Како славните личности го поминаа Денот на благодарноста

Американскиот празник Денот на благодарноста многу ѕвезди познати личности го искористија за семејни собири, хуманитарна работа и романтични патувања. Додека манекенката Џиџи Хадид сподели ретки моменти со својата ќерка Каи, а Зои Кравиц и Хари Стајлс уживаа во Рим, принцот Хари и војвотката Меган со своите деца Арчи и Лилибет помогнаа во подготовката на оброци за сиромашните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Ќерката Каи на Џиџи Хадид/Фото: Принтскрин / Инстаграм
Џиџи Хадид / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Многу ѕвезди ја увеличија и традиционалната парада на Мејси во Њујорк.

Денот во пресрет на Денот на благодарноста, принцот Хари и војвотката Меган Маркл ги доведоа своите деца, Арчи и Лилибет, за да помогнат во подготовката и пакувањето оброци за оние на кои им е најпотребно. Добротворниот настан беше организиран во соработка со нивната непрофитна организација, Фондацијата Арчивел и „Нашата голема кујна Лос Анџелес“ (Our Big Kitchen Los Angeles), со цел да се поддржат локалните училишта и засолништа. На фотографиите што Меган ги сподели на Инстаграм, целото семејство позираше со широки насмевки.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Додека самиот Ден на благодарноста Меган и принцот Хари го поминаа славејќи го во домашна атмосфера со традиционална празнична трпеза.

Поврзани вести

Јасно е од кого го наследила изгледот: Убавата ќерка на најмоќната холивудска двојка е вистинска убавица

Urednik

📸Ќерката на Мајкл Џексон ја откажала веридбата со Џастин Лонг: Ова се солзи од раскинување

Urednik

Необично враќање на бој-бендот кој „жареше и палеше“ во деведесеттите: По 22 години доаѓа нова музика

Urednik