Џенифер Лопез, Џулија Робертс и Памела Андерсон се најдоа на врвот на листата на најлошо облечени познати дами на престижната церемонија на доделување на наградите!
На 83-то доделување на наградите Златен глобус, најголемото модно разочарување го приредија три познати дами – Џенифер Лопез, Памела Андерсон и Џулија Робертс! Според модните критичари, никој не очекуваше дека ќе се најдат на листата на најлошо облечени светски убавици, особено од латино дивата, која речиси секогаш има беспрекорен стил.
Џенифер Лопез
View this post on Instagram
Латино дивата се појавила на црвениот тепих во претерано мрежест проѕирен фустан, кој имал детали од брокат и целосно го откривал нејзиниот стомак. Се чинело дека во секој момент ќе покаже премногу, бидејќи нејзините интимни делови едвај биле покриени.
Фустанот бил завршен со драматичен раб од тил што влечел зад неа. Таа го комплетирала изгледот со елегантна пунџа и раскошна чанта.
Всушност, познатата пејачка сакала да ги импресионира сите со винтиџ фустан од 2000-тите, како што подоцна беше откриено, кога всушност се случило сосема спротивното. Таа се најде на првата позиција, но на листата на најлошо облечени познати дами.
Џеј Ло на крајот откри дека носела проѕирен и чипкаст винтиџ фустан од Жан Луј Шерер во стил на сирена, кој го извадила ексклузивно од својот плакар за блескавата ноќ.
Памела Андерсон
View this post on Instagram
За 83-то доделување на наградите Златен глобус во Лос Анџелес, Памела Андерсон (58) се вратила на својата препознатлива нијанса по краток период како црвенокоса.
Сепак, нејзиниот избор на облека за црвениот тепих бил мета на лоши коментари, па можеле да се прочитаат забелешки дека не вложила никаков труд во својот изглед, ниту пак, вложила креативност. Имено, таа носела бела блуза од вискоза „Ферагамо“ со V-изрез, во комбинација со здолниште до подот од вискоза и црни сандали..
Останувајќи верна на својата минималистичка рутина за шминкање, таа го оставила својот природен тен да блесне и задржала минимален гламур.
Џулија Робертс
View this post on Instagram
Џулија се појавила во црна тоалета со длабоко деколте, а градите на актерката биле во преден план. Таа внела малку шарм од 1980-тите во изгледот, бидејќи фустанот имал потполки на рамената, а го комбинирала со високи потпетици.
Сепак, според модните критичари, изборот на скап накит го направи целиот стил, парадоксално, евтин.
Актерката носела златен ѓердан со масивен црвен дијамантски приврзок во форма на јагода, нагласувајќи го уште повеќе деколтето, а некои веруваат дека била на работ на вулгарност.
Од друга страна, нејзините обожаватели ја бранат, истакнувајќи дека нејзиниот младешки изглед остава без здив и дека целиот стајлинг го носела на совршен начин.
