27.8 C
Скопје
10 септември, 2026
СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Фото+видео) „Дојде на свадба како стриптизета и се опари со 2 милиони долари“: Џенифер Лопез пееше на венчавката на индиски милијардер

Џенифер Лопез настапи на свадбата на индиски милијардер, а за нејзиниот настап доби хонорар од два милиони долари.

Минатиот викенд, познатата пејачка Џенифер Лопез беше главна ѕвезда на една од најраскошните свадби во годината во Удајпур, Индија, каде што се опарила за приближно 1,9 милиони евра, односно 2 милиони долари, за нејзиниот настап на свадбата на Нетра Мантена и Вамси Гадирај, како што објави  „Пејџ сикс“. Тоа беше нејзина прва посета на Индија, а 56-годишната дива се погрижи сите да ја запомнат со тоа што приреди вистински концертен спектакл со врвна продукција.

Џеј Ло е една од најуспешните пејачки на денешницата, која изведува провокативна кореографија заедно со своите танчари на настапите,

 


На концертите и турнеите, таа секогаш е провокативно облечена, а сега нејзиното појавување на свадба во Индија предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Џенифер присуствуваше на свадба на милијардер во Индија во текот на викендот. Иако беше облечена во елегантен, сребрен фустан во текот на церемонијата, „проблемот“ меѓу индиските корисници на интернет се „гаќите“ во кои подоцна настапи.

На социјалната мрежа Икс се појавија бројни видеа од настапот, на кои се гледа „проблематично трико“, кое стилски е слично на нејзините претходни изданија, кое изгледа како да не носи ништо, освен провокативен корсет.

„Изгледа како стриптизета“, „Ова е срамота во земја како Индија“, беа само некои од бројните, негативни коментари, додека други истакнуваа дека „таа е изведувачка и носи таква облека на настапите“, но и дека „должност на организаторот е да го информира изведувачот за дрес кодот, доколку го има“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ioannis Beratis (@johnjlover)

Поврзани вести

(Фото+видео) Дара со „Бангаранга“ ѝ ја донесе победата на Бугарија на Евровизија!

Urednik

Дали го знаете вистинското име на Ирина Шајк?

Radmila Tasevska

Бритни Спирс за прв пат во јавноста по објавувањето на нејзините мемоари: Беше во друштво со маж, а еве кој е (ФОТО)

Radmila Tasevska