СТАНДАРД life
Шоубиз

Фотографиите открија со кого Хју Џекмен го поминал првиот роденден по разводот

Познатиот актер Хју Џекмен го прослави својот 55-ти роденден. Ова е негов прв роденден откако минатиот месец се разведе од сопругата Дебора Ли по 27 години брак.

Хју го прослави својот роденден во познато друштво. Најпознатиот холивудски пар Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли прошетаа со Хју низ улиците на Њујорк. Сите тројца беа облечени во лежерни модни комбинации, а папараците будно ги следеа зад нив.

Инаку, Хју и Рајан се најдобри пријатели долги години.

Објави фотографија од тинејџерските денови

По повод неговиот роденден, Хју на Инстаграм објави фотографија од тинејџерските денови. „Имав можеби 17 години. Бев помошник тренер во фудбалскиот тим“, напиша Џекмен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Jackman (@thehughjackman)

На фотографијата Хју прави фаца и е облечен во костум. Под фотографијата се собраа еден куп коментари. „Ако некој ми ја покажеше оваа слика и ми речеше да погодам кој е, никогаш немаше да погодам дека тоа е Хју Џекмен“, е еден од коментарите. Многумина го пофалија неговиот изглед и му посакаа среќен роденден.

Поврзани вести

Пике и Клара Чиа го започнаа заедничкиот живот во куќата во која живеел со Шакира

Urednik

Ѕвездата на хит серијата „Луди седумдесетти“ осудена на доживотен затвор

Urednik

Шерон Стоун не била првиот избор за улогата во „Ниски страсти“: „Мајкл Даглас не сакаше ни да тестира снима со мене“

Urednik