СТАНДАРД life
Шоубиз

И Кејт и Вилијам се расправаат: Блиска личност открива кој го крева тонот и кој ја „спушта топката“

Принцот од Велс Вилијам и неговата поубава половина принцезата Кејт Мидлтон се во брак повеќе од 10 години.

Иако се „синокрвни“, и тие се луѓе од крв и месо и не тече само мед и млеко меѓу нив, како што често ни се чини. И тие имаат несогласувања во бракот, расправии и подеми и падови, а кралскиот експерт Роберт Џобсон открива каква е нивната ситуација, пишува „Мирор“.

Имено, тој вели дека и двајцата даваат онолку колку што добиваат, односно дека ниту еден од нив не е доминантен во однос на другиот.

– Нивните кавги се кратки и даваат колку што можат – вели Џобсон во книгата „Вилијам на 40 години: Изработката на модерен монарх“, која ја објави во 2022 година.

Тој во таа книга откри дека имаат силно партнерство, дека се заљубени, но дека имаат различни пристапи кога станува збор за несогласувања.

– Кога се расправаат, Вилијам малку го повишува гласот, додека Кејт е посмирена. Ова се случува кога тие не се согласуваат, но и двајцата знаат дека тоа е краткотрајно и дека бурата брзо стивнува. Таа има големо смирувачко влијание врз него, а сето тоа поради нејзиното воспитување од средната класа. Тие се среќни поради нивните успеси и меѓу нив нема љубомора, додава Џобсон.

Потсетуваме, и двајцата отворено зборуваа за својата прва средба и за тоа како таа поцрвенела, а тој веднаш почувствувал „нешто посебно“ за Кејт.

Принцот Вилијам јавно се пошегува на сметка на својата ќелавост

Поврзани вести

Силвестер Сталоне за смртта на синот: „Кога работите ги ставате пред семејството, последиците се поразителни“

Radmila Tasevska

🎥Решена драмата: Наводниот развод на славниот пар крена бура на социјалните мрежи

Urednik

Шанен Доерти сподели вест за нејзината битка со ракот: „За мене тоа е чудо…“

Radmila Tasevska