20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
Шоубиз

Инес Де Рамон го прослави својот роденден во Л.А. без Бред Пит

Во омилениот ресторан на славните, E Baldi, кој се наоѓа на Беверли Хилс, девојката на Бред Пит, Инес Де Рамон, го прослави својот 34-ти роденден со своите пријатели и колеги.

Прославата се одржа само еден ден откако Пит го прослави својот 60-ти роденден во Лос Анџелес.

Инес Де Рамон резервирала посебен, приватен дел од ресторанот за своето друштво, а од пријател добила прекрасен букет розови и бели лилјани и многу подароци кои ги сместила во чанта Neiman Marcus.

За роденденската прослава таа избра капут фустан во бордо боја, дебели, црни чизми до глужд и пар лакирани мокасини кои моментално се најголем хит меѓу љубителите на модата.

Инес прослави само еден ден откако му помогна на своето момче Бред Пит да го прослави својот 60-ти роденден во Лос Анџелес, но тој не беше на нејзината забава.

Поврзани вести

Бела Хадид за конфликтот меѓу Израел и Хамас: „Добивав стотици смртни закани секој ден“

Radmila Tasevska

„Целосно се изобличи“: Фотографиите на Мадона без филтри и фотошоп го обиколија светот, а фановите останаа шокирани од изгледот на пејачката (ФОТО)

Radmila Tasevska

Среде семејна кавга, Никола Пелц и Бруклин Бекам ги обновија своите брачни завети

Urednik