СТАНДАРД life
Шоубиз

Калиста Флокхарт (59) е непрепознатлива во најавата за новата сезона на серијата Феуд

Актерката Калиста Флокхарт, поранешна ѕвезда на Али Мекбил, се појави во трејлерот за новата сезона Feud: Capote vs. The Swans и многу фанови не ја ни препознаа. Калиста на плакатите има потемна боја на коса и силна шминка, поради што на почетокот не е јасно за која актерка се работи.

59-годишникот го игра ликот на Ли Раџивил. Заедно со Калиста, во серијата глумат Клои Севињи, Деми Мур, Дајан Лејн и Моли Рингвалд. Втората сезона од антологијата на Рајан Марфи ќе ја раскаже вистинската приказна за тоа како Труман Капоте бил пријател со многу членови на високото општество, сè додека не објави извадоци од неговиот незавршен роман Одговорени молитви кои ги открија тајните на моќниците во градот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Feud: Capote Vs. The Swans (@feudfx)

Првата сезона на серијата беше прикажана во 2017 година.

Поврзани вести

Објавени се цените на билетите за концертот на Ед Ширан во Загреб

Radmila Tasevska

ПРОСЛАВУВААТ ГОЛЕМА ГОДИШНИНА: Бекамови преживеаја секс скандал, но нивниот брак и понатаму трае

Urednik

Џиџи Хадид и Бредли Купер имаат „љубовно скривалиште“

Radmila Tasevska