Неодамна беше откриено дека Кристин Баумгартнер, поранешната сопруга на Кевин Костнер, е во врска со финансиерот Џош Конор, пријател на Кевин и поранешен сосед на сега веќе разведениот пар. 69-годишниот актер, водителот на емисијата Entertainment Tonight го праша што мисли за таа романса и како се чувствува сега.
„Немам сосед“, кратко одговори Костнер и додаде дека не сака да коментира на оваа тема.
Во мај минатата година во медиумите одекна веста дека Кевин и Кристин се разведуваат по 18 години брак. Дека 49-годишната Кристин се гледа со Конор откако раскина со Кевин, потврди нејзината пријателка за магазинот People. „Џош на почетокот беше само пријател. Тој е разведен татко и разбира низ што минува таа. И двајцата го сакаат животот на океанот и на плажа. Тоа е нешто што ја прави Кристин среќна“, рекла таа.
За време на сослушувањето за издршка на дете во август 2023 година, адвокатот на Кристин, Џон Рајдел, ги негираше гласините за романса меѓу двајцата. Потоа изјавил дека Конор и бил само пријател и ништо повеќе.
Потсетуваме, ова беше втор брак на Костнер. Од 1978 до 1994 година беше во брак со актерката Синди Силва (67), со која има и три деца: Ени (39), Лили (37) и Џо (35). Тој започна врска со Баумгартнер во 2000 година, а се венчаа во Аспен, Колорадо во 2004 година.