СТАНДАРД life
Шоубиз

Голем чекор за Бред Пит: Многумина беа изненадени како и се обрати на својата фатална Инес…

По бурното раскинување со Анџелина Џоли, се чини дека холивудскиот актер Бред Пит конечно е среќен, со нова девојка – Инес де Рамон.

Според Page Six, Инес и Бред наводно „одлично се снаоѓаат“ по една година врска. Инаку, ова е првата вистинска врска на Бред по разводот.

– Ја претставува Инес како своја девојка – рекол изворот и додал: „Одлично е што ги гледам“. Тој исто така истакна дека Де Рамон го прави Пит „многу среќен“.

Актерот и неговата нова избраничка го направија своето прво јавно појавување заедно на 12-годишнината LACMA Art+Film Gala, на која присуствуваа и бројни ѕвезди. Иако парот не се фотографирал, упатените изјавиле за People дека „изгледале заљубено, смеејќи се и шегувајќи се со сите околу нив“.

Инаку, 59-годишниот Пит и 32-годишната Де Рамон првпат беа видени во ноември 2022 година откако присуствуваа на концертот на Боно од U2 заедно со Синди Крафорд, Ренди Гербер и Шон Пен.

Иако не покажаа никакви знаци на нежност за време на нивниот состанок, тие продолжија да ги поттикнуваат гласините за запознавање веќе следниот месец кога дизајнерот на накит се појави на афтерпартито на „Вавилон“ за да го поддржи Пит. Како и обично, дуото ги избегна папараците, но беа видени како влегуваат во местото, држејќи се за раце додека се „мешаа“ со останатите гости.

Иако јавно не проговорија за статусот на нивната врска, Де Рамон потврди дека се повеќе од пријатели овој јануари кога беше фотографирана како се сонча топлес покрај ѕвездата на „Боречки клуб“.

Парот ја дочека Новата година со романтично патување во Кабо Сан Лукас, каде се сончаа покрај базен.

Исто така, во текот на летото, Де Рамон патувала неколку пати за да го посети актерот додека тој снимаше филм за Формула 1 во Европа. Сепак, дури и кога не се заедно, дизајнерката на накит го држи Пит при срце носејќи огрлица „Б“.

Бред Пит одбил улога во хит на „Нетфликс“, а причината може да ве изненади

Поврзани вести

📽 Миа Калифа навредила Еврејка на улица: „Мирисаш на фалафел“

Radmila Tasevska

Шарлиз Терон стави крај на гласините за пластичните операции

Urednik

Бред Пит ја откри својата омилена актерка: „Таа е најубавата жена на екранот“ (ФОТО)

Radmila Tasevska