Џорџ Клуни неодамна изјави за Entertainment Tonight дека „нема доволно дрога во светот за да го натера повторно да го игра „Бетмен“. Како што изјави, тоа било една од најголемите грешки во неговата кариера.
Клуни во подкастот на Awards Chatter призна дека филмот „Бетмен и Робин“ не е добар. Џорџ го нарече филмот неуспех во 2019 година и рече дека му одржал лекција.
„Морав да размислам како работам. Не бев само актер кој добил улога во филм, јас бев одговорен за самиот филм”, рекол Клуни.
Улогата на Џорџ ја презеде Бен Афлек, а Клуни претходно му порача да не оди по неговите стапки.
„Всушност разговарав со него за тоа. Му реков: „Немој да го правиш тоа“. Тоа беше само од моето искуство“, му рекол Клуни на Хауард Стерн во 2020 година.
Сепак, Џорџ рече дека мисли дека Афлек завршил добра работа.
Роберт Патинсон е последниот актер што го глуми Бетмен со Зои Кравиц како жена-мачка.
Џорџ Клуни за сопругата Амал: Подобро јас да готвам, таа може да не убие сите