СТАНДАРД life
Шоубиз

Конечно на тронот: Оваа насловна е доказ дека Викторија Бекам конечно знае што прави

Иако ги красеше насловните страници на најпрестижните модни списанија, Викторија Бекам неодамна го доби најголемото признание, откако блесна на насловната страница на Financial Times.

Поранешната „спајсица“, која со години ја гради својата модна империја, конечно го доби признанието кое со години со нетрпение го очекуваше. 49-годишната Викторија Бекам е избрана да ја краси најновата насловна страница на престижниот магазин Financial Times HTSI.

Таа чест и припадна бидејќи нејзината империја за мода и убавина конечно тргна во нагорна линија, а минатата година ја заврши со профит по серија финансиски неуспеси.

Облечена во предимензиониран џемпер и црни лакирани чевли, 49-годишната Викторија седи со скрстени нозе и гледа во далечина, момент што го снимил фотографот Натаниел Голдберг.

Гледајќи наназад, Викторија не може да го сокрие задоволството што на нејзиниот бренд конечно му тргна, а покрај насловната објава на нејзиниот Инстаграм профил напиша: „Толку сум горда на тоа каде сме денес…“

Инаку, таа уште во октомври за француски „Вог“ призна дека нејзиниот бренд 15 години по лансирањето конечно почнал да заработува и поради тоа не го криеше задоволството.

Викторија Бекам повеќе од 25 години јаде ист оброк секој ден – Еве како ја одржува витката линија!

Поврзани вести

Сопругата на Брус Вилис пишува книга за животот по неговата дијагноза

Radmila Tasevska

Шакира и Дрејк „уловени“ заедно: Се обидоа дискретно да ја напуштат истата забава, што предизвика гласини

Urednik

Софија Вергара откри дека ги чува своите разголени фотографии, а откри и каде ги чува

Radmila Tasevska