СТАНДАРД life
Шоубиз

Крај на една ера: Сара Џесика Паркер се збогува со нејзината Кери Бредшо

И туку така… дојде моментот кога мора да му кажеме „благодарам и збогум“ на ликот на Кери Бредшо. Првпат ја запознавме писателката со кадрава коса и одличен вкус за облека на 6 јуни 1998 година, и оттогаш безброј пати плачевме, се смеевме и преживеавме разни животни ситуации со неа.

Многу од култните реплики од серијата сè уште одѕвонуваат во ушите на многумина денес, и ќе се согласиме дека Кери Бредшо е лик кој одбележа една ера: таа ни донесе висока мода, создаде реклама за „Маноло Бланик“ како ниеден друг експерт за маркетинг, сруши табуа, го возвиши женското пријателство, но исто така, најважно, ги направи силни своите гледачи.

„И немаше останато зборови, ги кажавме сите“, рече Кери Бредшо во епизодата „La Douleur Exquise“, означувајќи еден од многуте завршетоци на нејзината врска со г-дин Биг со толку впечатлива реченица.

И на потполно ист моќен и впечатлив начин, Сара Џесика Паркер сега се „збогува“ со ликот на „fabulous“ девојката кое ја обележа нејзината кариера и живот.

Сара Џесика Паркер, во вистински стил на Кери, напиша дека низ годините нејзиниот лик кршел срца, трчал во високи потпетици, сакал, губел, патувал, менувал фризури, момчиња, домови – но никогаш не ја изгубил својата љубов и посветеност кон Њујорк.

„Кери Бредшо доминираше во мојот професионален живот 27 години. Мислам дека ја сакав најмногу. Знам дека другите ја сакаа исто колку и јас. Тие беа фрустрирани, ја осудуваа и ја бодреа. Симфонијата на сите овие емоции беше најголемата музика и најважниот придружник. Затоа, мојата најголема благодарност и засекогаш сум должна на сите вас“, напиша Паркер.

Патем, Сара Џесика Паркер освои две награди „Еми“, четири „Златни глобуси“ и три награди на Здружението на филмски работници за нејзината иконска улога како Кери Бредшо, додека самата серија освои седум награди „Прајмтајм Еми“, осум „Златни глобуси“ и три награди на Здружението на филмски работници, што ја прави препознаена како една од најуспешните и највлијателните ТВ серии на своето време.

Поврзани вести

Џенифер Анистон ги откри навиките поради кои изгледа дека не старее

Urednik

По речиси 40 години се сретнаа главните актери на „Близнаци“, погледнете како изгледаше нивното обединување!

Urednik

Џенифер Анистон конечно најде место каде што е навистина среќна

Urednik