Францускиот музеј Гревин веднаш започна со поправка на восочната фигура на Двејн Џонсон откако самиот актер го побара тоа, а обожавателите претходно го информираа дека бојата на кожата на фигурата е посветла од неговата природна.
Музејот Гревин гордо ја откри фигурата на актерот во природна големина кон средината на месецот, брзо предизвикувајќи бран критики кај неговите обожаватели, пишува Би-би-си.
Најголем дел од поплаките беа за бојата на кожата. Критики имаше и за облеката на фигурата. Фановите коментираат дека славниот The Rock личи на ликот од Mr. Clean, а некои малку потсетува на Вин Дизел.
Креаторот на восочната фигура беше обвинет од обожавателите дека премногу го „обелел“, особено ако се земе предвид фактот дека Рок е роден во Калифорнија, дека татко му е црнец од Нова Шкотска, а мајка му Самоанка.
Откако самиот актер се огласи на Инстаграм, коментирајќи дека „неговиот тим ќе им се обрати на пријателите во музејот Гревин во Париз за да поправат некои важни детали за неговата восочна фигура, почнувајќи од бојата на кожата“, тимот на музејот брзо почна да работи.
Dwayne Johnson says he is reaching out to the Musée Grévin in Paris after it unveiled a botched wax figure of him. https://t.co/KmRAWR7jJu
— NBC News (@NBCNews) October 23, 2023
Директорот на музејот Ив Деломе изјави за АФП дека неговиот персонал планира да работи „во текот на ноќта“ за да ја доведе восочната фигура со „очекувањата на обожавателите“.
За бојата на кожата тој го обвини „проблемот со осветлување“, ветувајќи дека ќе го реши.
Деломе исто така откри дека The Rock лично ќе го посети музејот „за да провери дали треба да се направат уште некои промени“.
Музејот ја откри восочната фигура на 16 септември. Во соопштението за печатот се наведува дека уметникот Стефан Баре морал да се потпре на фотографии и видеа за да ја создаде фигурата.
Тој се пожали дека тоа е „тешка“ работа и дека требал само три пати да ги поправа очите.
🇫🇷🇺🇸 FLASH | Dwayne Johnson « The Rock » va demander au musée Grévin d’effectuer des retouches et améliorations sur sa statue de cire, à commencer par la couleur de peau. Elle a été inaugurée le 16 octobre au musée à #Paris. pic.twitter.com/CmWz53UCh2
— Cerfia (@CerfiaFR) October 23, 2023