СТАНДАРД life
Здравје

Помалку познати симптоми на Хашимото синдром кои многумина ги игнорираат

Хашимото синдром, познат и како Хашимото тироидитис, е автоимуна болест на тироидната жлезда која главно ги погодува жените.

Истражувањата покажуваат дека оваа состојба се јавува 15 пати почесто кај жените отколку кај мажите, велат од клиниката Мејо.

Лекарите објаснуваат дека Хашимото-ов синдром е најчеста причина за хипотироидизам во светот, нарушување на тироидната жлезда кое има многу негативни здравствени последици.

Со оглед на тоа дека симптомите на оваа болест се многу суптилни, тешко е да се препознаат. Исто така, многу жени често ги поврзуваат со други, помалку опасни состојби, што дополнително ја комплицира дијагнозата. Иако не постои лек за Хашимото-ов синдром, тој може успешно да се лекува.

Токму затоа, велат лекарите, потребно е да се реагира кога ќе се појават првите симптоми. Најчестите знаци кои укажуваат на оваа состојба се:

– замор

– исцрпеност

– проблеми со меморијата и концентрацијата

– зголемена чувствителност на студ

– затвор

– мускулна слабост

– болки во зглобовите

– нагло зголемување на телесната тежина

– надуеност

– проблеми со спиењето

– сува и бледа кожа

– губење на косата

– нарушувања на менструалниот циклус

– неплодност или проблеми со зачнувањето

– промена на гласот, најчесто засипнатост

– зголемување на тироидната жлезда (гушавост)

Иако сите овие симптоми не мора да значат дека личноста има Хашимото синдром, доколку ги забележите, треба да направите лекарски преглед, пренесува Index.hr.

Поврзани вести

Не фрлајте ја лимоновата кора, таа е поздрава и од лимоновиот сок

Radmila Tasevska

Алкохолот не е единствениот виновник – кои други навики предизвикуваат оштетување на црниот дроб?

Urednik

Студот може позитивно да влијае на телото

Urednik