СТАНДАРД life
Здравје

Алкохолот не е единствениот виновник – кои други навики предизвикуваат оштетување на црниот дроб?

МНОГУ луѓе мислат дека прекумерното консумирање алкохол е единствениот и главниот виновник за лошото здравје на црниот дроб, но лекарите не уверуваат во спротивното. Како што пренесува порталот Health, експертите нагласуваат дека многу други фактори можат да доведат до цироза или оштетување на црниот дроб.

Иако одредени здравствени состојби како хепатитис, автоимуни болести и земање одредени лекови можат да придонесат за оштетување на нашиот црн дроб, постојат животни навики кои исто така имаат негативен ефект.

За разлика од здравствените проблеми, можеме да влијаеме на нив. Еве ги навиките:

Пушење

Како што објаснуваат лекарите, пушењето може да го зголеми ризикот од рак и цироза на црниот дроб. Отровните хемикалии во чадот од цигарите можат да предизвикаат воспаление и евентуална цироза, а сето тоа придонесува за оштетување на црниот дроб. Пушењето исто така го стимулира производството на цитокини, хемикалии кои предизвикуваат уште поголемо воспаление и ги оштетуваат клетките на црниот дроб.

Алкохол

Иако консумирањето алкохол не е единствениот виновник за здравствените проблеми со црниот дроб, истражувањата покажуваат дека тоа е најголемата причина за заболување на црниот дроб.

Газирани пијалоци

Газираните пијалоци се тесно поврзани со оштетување на црниот дроб и масни заболувања на црниот дроб, велат експертите. Намалувањето на консумацијата на газирани пијалоци, како и засладени сокови, може многу да помогне во зачувувањето на здравјето на нашиот црн дроб.

Поврзани вести

Како да ги победите вашите стравови: 6 совети од експерт за ментално здравје

Urednik

Ова се најдобрите намирници за зајакнување на коските

Urednik

Еве ги сите здравствени придобивки од мандарините

Radmila Tasevska