СТАНДАРД life
Здравје

7 СИМПТОМИ НА РАК НА ЦРНИОТ ДРОБ: Многу луѓе ги игнорираат, а исходот може да биде ФТАТАЛЕН

Постојат неколку видови на рак кои можат да се формираат во црниот дроб. Најчест е хепатоцелуларниот карцином (HCC), кој се формира во доминантните клетки на црниот дроб – хепатоцитите. Други видови на рак на црниот дроб, како што се интрахепатичниот холангиокарцином и хепатобластом, се многу поретки.

Метастазите во црниот дроб се почести од примарниот карцином. Ракот што се јавува во други органи – белите дробови, дојките, дебелото црево – и потоа се шири на црниот дроб, се смета за метастаза. Овој тип на рак е именуван по органот во кој започнал – како што е метастатски рак на дебелото црево, за да се опише ракот што започнува во дебелото црево и се шири до црниот дроб.

Причини и фактори на ризик

Причините за рак на црниот дроб не се добро познати. Она што е познато е дека неколку фактори влијаат на неговото формирање. Хроничните заболувања на црниот дроб се предуслов за појава на овој тип на рак. Инфекцијата со вирусот на хепатитис Б и хепатитис Ц може да игра улога во развојот на рак на црниот дроб, особено ако инфекцијата со овој вирус се случила во раното детство или во интраутериниот период (периодот во стомакот на мајката). Предиспонирачки фактори се и микотоксините кои се појавуваат во мувлата (на пр. во нехигиенски складирана храна). Факт е дека во развојот на оваа болест делуваат повеќе фактори, генетски, имунолошки, канцерогени…

Понекогаш е речиси невозможно да се утврди причината за рак на црниот дроб.

Ризичните фактори кои придонесуваат за појава на примарен карцином се следните:

* Хронична инфекција со вирусот на хепатитис Б и хепатитис Ц.
* Цироза на црниот дроб. Оваа прогресивна и неповратна состојба предизвикува лузни на црниот дроб и ја зголемува можноста за развој на рак на црниот дроб.
* Дијабетес. Луѓето со дијабетес се повеќе склони кон заболувања на црниот дроб.
* Одредени наследни заболувања на црниот дроб, како што се хемохроматоза и Вилсонова болест.
* Замастен црн дроб. Акумулацијата на маснотии во црниот дроб може да предизвика рак на црниот дроб.
* Афлатоксини. Афлатоксините се отрови од мувла кои растат на лошо складирани култури. Посевите, како што се житарките и јаткастите плодови, може да се контаминираат со афлатоксини и може да се најдат во храната направена од овие производи.
* Прекумерна употреба на алкохолни пијалоци.

Симптоми

Многу пациенти немаат речиси никакви симптоми со примарен рак на црниот дроб. Примарниот карцином на црниот дроб најчесто ги има истите клинички манифестации, тие се како што следува:

* ненадејно губење на тежината
* губење на апетит
* болка во горниот дел на стомакот
* гадење и повраќање
* жолтица
* оток на желудникот
* бела столица

Ако имате некој од горенаведените симптоми, веднаш закажете состанок со гастрохепатолог.

Дијагноза и одредување на степенот на рак

За да се утврди дијагнозата, се користат неколку методи. Одредувањето на алфа 1 глобулин во серумот е важен параметар. Вирусни маркери за хепатитис Б и Ц, исто така. Ултразвучен (ехосонографски) преглед, методи на радиоизотоп, компјутерска томографија, ангиографија на хепатални артерии, магнетна резонанца и секако биопсија се дијагностички методи со кои може да се открие и потврди рак на црниот дроб.

Кога ќе се дијагностицира рак на црниот дроб, лекарот ќе работи на одредување на степенот (стадиумот) на ракот. Различни тестови ќе ја одредат локацијата на ракот и дали тој се проширил на други органи. Ова е важно за да се одреди процедурата за лекување и да се спречи понатамошното ширење на болеста.

Третман

Суштински услов за лекување на оваа болест е рано откривање. Превентивните мерки вклучуваат заштита од вируси на хепатитис Б и Ц, работа за сузбивање на алкохолизмот, хигиена на складирање храна. Третманот е многу сложен и бара учество на специјалисти од различни медицински гранки (хепатолог, онколог, радиолог, патолог…).

Примарниот карцином ќе се третира на еден од следниве начини: хирургија, локализиран третман, радиотерапија, лекови, имунотерапија, хемотерапија, палијативна терапија.

Најдобрата и најлошата храна за црниот дроб

Поврзани вести

5 симптоми на рак на грлото на матката – од необичен оток до болки во грбот

Urednik

Голема студија открива нов фактор на ризик за срцев удар

Radmila Tasevska

Еден од најздравите чаеви во светот: Го нормализира холестеролот, шеќерот во крвта и го обновува црниот дроб

Radmila Tasevska