СТАНДАРД life
Здравје

4-те зеленчуци кои имаат најмногу антиоксиданси

Зеленчукот е еден од најкорисните видови храна кои можат да бидат вклучени во исхраната. Во него се содржи важни витамини, минерали, влакна и антиоксиданси. Антиоксидансисе едни од најважните хранливи материи, бидејќи го штитат организмот од стареење, туморски промени во клетките и други проблеми поврзани со оксидативниот стрес.

Кои се најбогатите зеленчуци на антиоксиданси кои треба задолжително да присуствуваат во секојдневното мени?

Брокула

Варената или приготвена на пареа брокула е многу богата со антиоксиданси. Според истражувањата честата консумација на брокула го намалува ризикот од развој на рак со до 15%.

Брокулите се корисни и за кожата, бидејќи антиоксиданси во нив ја прават мека, млада и здрава. Брчките и фините линии ќе ве снајдат подоцна во животот, ако јадете брокула неколку пати неделно.

Во брокулите се содржи уште ензимот тирозиназа кој има докажани антиканцерогени својства.

Виолетов карфиол

Карфиолот е од семејството на брокулите и неслучајно е исто така многу богат со антиоксиданси. Уште побогат со нив од белиот карфиол е виолетовиот. Пурпурната храна е особено корисна во целина и треба да се потенцира на неа почесто.

Во пурпурниот карфиол се содржат уште многу корисни влакна, кои помагаат за разградувањето на јаглените хидрати и мастите. Вклучувајте пурпурен карфиол барем 3 пати неделно во менито.

Црвена марула

Не претпоставувајте дека црвената марула е ГМО. Таа е посебна сорта марула, која е исклучително корисна и богата со антиоксиданси. Ставајте ја во сендвичи, салати, стартери.

Артичока

Артичоката е многу корисна во медитеранската кујна. Таа е богат со калиум и бројни антиоксиданси. Во ливчињата се концентрирани големи количини влакна. Редовното консумирање на артичоката ја намалува драстично количината на слободните радикали во организмот.

Поврзани вести

4 симптоми кои укажуваат дека имате сериозен здравствен проблем

Urednik

Најлошата храна за луѓето со висок крвен притисок

Urednik

Овие намирници можат да го подобрат расположението

Radmila Tasevska