СТАНДАРД life
Шоубиз

На Џенифер Лопез ѝ бил забранет влез во бутик на „Шанел“ во Истанбул

На американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез ѝ бил забранет влез во бутик на „Шанел“ во трговскиот центар „Истиње Парк“ во Истанбул, објавија локалните медиуми. Таа реагирала на ова на начин на кој многу други ѕвезди не би реагирале.

Кога обезбедувањето ѝ кажало дека не може да влезе, Лопез не се вознемирила и само рекла: „Добро, нема проблем“ и си заминала. Вработените во бутикот потоа ѝ се приближиле, се извиниле и ја поканиле да се врати, што таа го одбила.

Американските новинари го контактирале менаџерот на пејачката во врска со оваа вест, но не добиле одговор. Наместо во „Шанел“, таа пазарувала во други луксузни бутици како „Селин“ и „Бејмен“.

Патем, на 5 август, таа одржа концерт во Истанбул во рамките на турнејата „Up All Night“. На крајот од минатиот месец, таа го прослави својот 56-ти роденден во Анталија, а дел од атмосферата објави и на социјалните мрежи.

Пејачката ја завршува споменатата турнеја на 10 август, кога ќе настапи во Алмати, Казахстан.

Поврзани вести

Леонардо Дикаприо откри непознати детали од раната кариера: „Ме замолија да го сменам името“

Urednik

Џони Деп: Единственото место каде што се чувствувам нормално е мојот дом на Бахамите

Urednik

Сиа се бори за старателство над синот: Бившиот тврди дека користи алкохол и дрога

Urednik