СТАНДАРД life
Фото: Јутјуб/Принтскрин
Шоубиз

На Ким Кардашијан ѝ е дијагностицирана аневризма на мозокот

Американската старлета, Ким Кардашијан објави дека ѝ е дијагностицирана аневризма на мозокот, објавија американските медиуми во четврток.

Кардашијан ја откри својата дијагноза за време на претпремиерата на седмата сезона од реалното шоу „Кардашијан“, кое премиерно се емитува на платформата Hulu, според извештаите.

Не е познато дали Кардашијан имала симптоми на состојбата, како што се силни главоболки, гадење, вкочанет врат или заматен вид, напишаа медиумите.

Ројтерс соопшти дека не може веднаш да ги потврди информациите. Агентите на Ким Кардашијан, како и нејзините претставници за односи со јавноста и адвокатот, не беа веднаш достапни за коментар.

 

Поврзани вести

🎬Незгодно прашање за Дикаприо поставено до млада актерка ја шокира јавноста

Urednik

Познатиот рапер почина на 35 години: Се уште не е позната причината за смртта

Radmila Tasevska

📸 Меган Фокс дојде на забавата во корсет и гаќички, обожавателите ја нападнаа: „Добро си?“

Radmila Tasevska