СТАНДАРД life
Шоубиз

„Не знаев кој е Роберт де Ниро“: Рис Витерспун искрено за почетоците на кариерата

Холивудската актерка Рис Витерспун неодамна се присети на почетоците на својата кариера.

Таа во емисијата „Џими Кимел Лајв“ изјавила дека нејзината прва аудиција поминала многу неславно. Станувало збор за филмот „Cape Fear“, а Рис имала само 14 години. Нејзината нервоза ја парализирала до тој степен што не знаела кој е Роберт де Ниро.

„Се сеќавам на мојата прва аудиција што ја имав со Роберт де Ниро и Мартин Скорсезе за филмот Cape Fear. Ништо не разбрав. Не сум во тој филм затоа што бев толку исплашена кога влегов во собата, не знаев кој е Роберт де Ниро, па стоев надвор и разговарав со жената од рецепцијата и таа рече: Знаеш ли дека тој е најважниот актер на нашето време?“, ја започна приказната Витерспун.

Актерката додала дека претходно не била свесна кој е Роберт, што ја направило крајно нервозна, а потоа го заборавила својот текст.

Иако првата аудиција поминала лошо, таа успеала да изгради успешна кариера, а Де Ниро и денес се сеќава на таа аудиција.

„Тој мораше да го заврши мојот текст наместо мене. Десет години подоцна имав аудиција со него и си помислив: Нема шанси да се сети колку лошо поминав на таа аудиција. Сепак, тој рече: Те паметам, ти си таа што не можеше да каже ниту збор“, се присети актерката.

Поврзани вести

Се огласи Роберт де Ниро за смртта на својот 19-годишен внук

Urednik

Кристен Стјуарт конечно кажа што мисли за „Самрак“: „Тоа е толку геј филм“

Urednik

Тејлор Свифт за прв пат во јавност со познат спортист: Се држат за раце и не се одвојуваат еден од друг (ФОТО)

Radmila Tasevska