СТАНДАРД life
Шоубиз

Светки, тантела и суптилно деколте: Амал Клуни го освои Њујорк со гламурозен стајлинг (ФОТО)

Амал и Џорџ Клуни собраа бројни познати личности во Њујорк на наградите Алби што ги доделува нивната фондација „Клуни фондација за правда“.

Оваа награда е именувана по јужноафриканскиот судија Алби Сакс, кој беше затворен, а потоа протеран поради неговиот активизам против режимот на апартхејдот, а се доделува на „храбрите бранители на правдата кои се изложени на ризик поради она што го прават“.

Ѕвезди на вечерта секако беа актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал, кои повторно ги привлекоа сите погледи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eugenia Garavani (@eugeniagaravani)

Имено, како и секогаш, тие беа совршено усогласени, а Амал засени многу дами појавувајќи се во бел, лелеав фустан кој ја следеше линијата на нејзиното тело.

Станува збор за фустан од брендот „Версаче“, со суптилно деколте. Посебен печат на се дадоа деталите со светки.

Амал и Џорд се појавија насмеани, фатени за рака и рекоа дека неодамна ја прославиле деветтата годишнина од бракот, а се надеваат дека ќе имаат уште многу.

Поврзани вести

Почина актерот Андре Браугер

Urednik

Анџелина Џоли ја отвори душата: „Шест месеци пред разводот добив Белова парализа“

Urednik

📽 Норт Вест е ѕвезда на спотот за новата песна на Канје Вест

Radmila Tasevska