СТАНДАРД life
Балкан микс

Ова е единствената заедничка фотографија на Александра Пријовиќ и Филип од концертот во Арена: Позираа насмеани по настапот

Александра Пријовиќ одржа три последователни концерти во Штарк Арена и приреди спектакл за својата публика.

Популарната пејачка ја поддржаа многу колеги и пријатели, а она што беше особено важно за неа – нејзиното семејство беше најголемиот поддржувач.

Додека Лепа Брена беше со неа на сцената, во публиката беа родителите на нејзиниот сопруг, синот, мајката, братот на Филип, Виктор, бабата и дедото.

Сопругот на Александра Пријовиќ, Филип Живојиновиќ беше во продукцијата за да се погрижи се да помине во најдобар ред.

Сега на социјалните мрежи се појави единствената фотографија од Александра и Филип од Арена, кои се насмеани и позираат покрај пријателката на Брена, Ката.

„Од исток кон запад – Ден 2. Браво“, напиша Ката во описот на сликата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kata R Tomovic (@kata_kety)

Александра ја држеше цврсто Ката за рака, а сите беа насмеани и судејќи по фотографијата задоволни од успехот на младата пејачка.

Поврзани вести

Александра Младеновиќ ужива во скапо одморалиште: Го покажа своето неверојатно тело (ФОТО)

Radmila Tasevska

По 10 години соработка, Жељкo Бебек го напушти бендот: Неговата сопруга ја откри позадината на приказната

Urednik

🔞📸 Претепана српската пејачка Ана Николиќ

Urednik