СТАНДАРД life
Шоубиз

Николас Кејџ откри дали повторно ќе се појави во една од неговите најдобри улоги

Николас Кејџ има полни раце работа во последните години кога станува збор за снимање филмови. Од Spider-Man: The New World, преку The Pig, до Dream Scenario, Кејџ беше исклучително зафатен.

Сепак, неодамна призна дека внимателно ќе одлучи кои улоги ќе ги прифаќа во иднина. Актерот е во зрели години и сака да поминува што повеќе време со семејството, а нема намера да прифаќа толку многу понуди.

Во интервју за Uproxx, тој зборуваше за можното враќање во улогата на Ghost Rider. Тој го отелотвори познатиот суперхерој на „Марвел“ во два филма, Ghost Rider од 2007 година и Ghost Rider 2: Ghost of Vengeance од 2011 година.

„Како што реков, ќе одбирам внимателно. Не сакам целосно да кажам не. Ако дојде понуда која звучи навистина добро и би била интересна за гледачите, како што се Face Off 2 или Ghost Rider, тогаш би бил сосема поинаков разговор. Не, ова значи дека сега ќе бараме нов материјал и ќе пробаме нешто друго. Сè уште развивам некои од моите идеи. Ќе видиме што навистина ќе се случи“, рекол актерот.

Поврзани вести

Објавени се цените на билетите за концертот на Ед Ширан во Загреб

Radmila Tasevska

Некој го хакирал X профилот на Метју Пери

Radmila Tasevska

Бредли Купер и Џиџи Хадид на таен романтичен состанок

Urednik