СТАНДАРД life
Шоубиз

Ози и Шерон Озборн се дотераа како Канје Вест и Бјанка Ценсори (ФОТО)

71-годишната британска ТВ водителка Шерон Озборн и нејзиниот 74-годишен сопруг, рок ѕвездата Ози Озборн, смислија многу оригинални костими за Ноќта на вештерките. Тие се дотераа како Канје Вест и Бјанка Ценсори. Шерон ја сподели соодветната фотографија на нејзината Инстаграм страница.

Двојката беше инспирирана од фотографиите на Канје и неговата нова сопруга во периодот кога патуваа низ Италија и престојуваа во Фиренца во септември, предизвикувајќи незадоволство кај локалните жители поради нивните екцентрични модни избори.

Г-ѓа Озборн позираше во хулахопки во боја на кожа, чевли со потпетици и ги покри градите со голема перница. Дури и фризурата ја среди потполно исто како онаа на сопругата на Канје.

Што се однесува до Ози, тој е практично непрепознатлив во црна јакна, широки црни спортски панталони и црни чевли. Дополнително тој го покри лицето со очила за сонце и маска односно црна марама за целосно да го имитира Канје.

„Среќна Ноќ на вештерките“, напиша Шерон на фотографијата.

Обожавателите на познатиот пар побрзаа да коментираат за да го кажат своето мислење за избраните маски на сопружниците.

„Вие двајца, навистина сте пар направен во рајот, ве сакам и двајцата и среќна Ноќ на вештерките“, „Шерон, храбра си и сеуште си жешка“, „Боже мој! Канје и Бјанка!”, “Момци “Вие сте легенди! Изгледате одлично, Шерон! Среќна Ноќ на вештерките на двајцата!” – пишуваат корисниците.

Поврзани вести

Тејлор Свифт ја освои наградата за уметник на годината на IFPI по четврти пат

Radmila Tasevska

Џоли целосно искрена за САД: Не ја познавам мојата земја, ова се тешки времиња

Urednik

📽 Дејвид Бекам вечераше морска храна во скап ресторан: „Менаџерот го ранеше“

Radmila Tasevska