20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
Шоубиз

По врската со фаталниот Французин, Дуа Липа во врска миленикот на Британија

Љубовниот живот на пејачката Дуа Липа во последно време привлекува внимание. Пејачката со албанско потекло неодамна се забавуваше со познатиот француски режисер Ромен Гаврас, на што обожавателите честопати негодуваа, но сега таа среќата ја најде со британскиот актер Калум Тарнер.

Згодниот актер во последните години го гледаме во филмовите „Последното писмо на твојот љубовник“, „Има некоја тајна врска“, а моментално е зафатен со филмскиот проект „Момците во чамецот“ со потпис на Џорџ Клуни. Впечатливиот Британец беше виден на премиерата на филмот „Masters of The Air“ во друштво на позната пејачка со албанско потекло, што ги подгреа гласините за врска.

Дуа Липа и Калум Тарнер танцуваа заедно таа вечер на афтер забавата во Л.А. по премиерата на филмот и беа неразделни цела ноќ.

„Врската е нова, но тие се луди еден по друг“, открил извор за PageSix.

Пред да и го украде срцето од шармантниот Британец, пејачката беше во врска со Ромен Гаврас осум месеци.

„Роман ја сметаше Дуа за работохолик, но таа нема намера да забави за ништо и за никого“, откри извор во декември, истакнувајќи дека пејачката сака да се фокусира на работата и музиката.

Дуа Липа се соочува со трета тужба за истата песна, може да изгуби 20 милиони долари

Поврзани вести

📸НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ СИНОНИМ ЗА ЛУКСУЗ: Покажа како го украсила својот дом, а гардеробата и е СПЕЦИЈАЛНА ПРИКАЗНА

Urednik

Кетрин Мидлтон ја пронајде совршената боја за да ја освежи својата гардероба (ФОТО)

Radmila Tasevska

Започна снимањето на филмот во режија на Џони Деп со Ал Пачино во главната улога

Urednik