СТАНДАРД life
Шоубиз

Почина Ангус Клауд, ѕвездата на хит серијата „Еуфорија“

Актерот од многу популарната американска тинејџерска серија, „Еуфорија“ – Ангус Клауд, почина во понеделникот, соопшти неговото семејство.

Не е наведена причината за смртта на 25-годишниот актер, кој во наградуваната серија го глумеше дилерот на дрога Фез О’Нил.

Во соопштението се вели дека Клауд се мачел да се справи со неодамнешната смрт на неговиот татко и имал постојани ментални проблеми.

„Единствената утеха што ја имаме е да знаеме дека Ангус сега е со својот татко, кој му беше најдобар пријател“, велат од неговото семејство.

„Ангус отворено зборуваше за неговата борба со менталното здравје и се надеваме дека неговата смрт може да биде потсетник за другите дека тие не се сами и не треба да се борат сами во тишина“, додаваат оттаму.

„Еуфорија“, предводена од Зендаја, е една од најгледаните серии на HBO на сите времиња и има освоено Еми награди.

Серијата предизвика контроверзии, но и пофалби за мрачното прикажување на проблемите со кои се соочуваат современите американски тинејџери, вклучително и зависноста од дрога и сексуалното насилство.

Тоа беше првата актерска работа на Клауд. Него го открил кастинг директор додека шетал со пријателите по улиците на Бруклин, Њујорк.

„Се надеваме дека светот ќе го памети по неговиот хумор, смеа и љубов кон сите“, се вели во соопштението на семејството.

Поврзани вести

📷Рајан Рејнолдс се фотошопираше на фотографија на Блејк Лајвли и Тејлор Свифт

Urednik

Шарлиз Терон стави крај на гласините за пластичните операции

Urednik

Бела Хадид отворено за својата борба со болеста: „Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена“

Urednik