СТАНДАРД life
Шоубиз

Поп пејачка почина по операција за намалување на градите

Бразилската поп-ѕвезда Дани Ли, родена како Даниеле Фонсека Мачадо, почина на 42-годишна возраст по компликации од операцијата на липосукција во Пињас, Бразил, пишува The Sun. Шокираните обожаватели се збогуваат со пејачката на социјалните мрежи.

Позната во Бразил по нејзиниот хит Eu sou da Amazonia, Дани Ли во петокот беше подложена на процедура која вклучуваше липосукција на стомакот и грбот, како и намалување на градите. Пејачката итно била пренесена во болница во Куритиба, но и покрај напорите на лекарите, таа им подлегнала на компликациите и починала.

Веста ја потврди нејзиниот сопруг Марсело Мира, кој додаде дека биле многу потресени. Пејачката зад себе ги остави сопругот и седумгодишната ќерка. Точната причина за компликациите не е позната, а The Sun пишува дека таа потрошила 4.000 фунти за операцијата.

Поврзани вести

Почина Ангус Клауд, ѕвездата на хит серијата „Еуфорија“

Urednik

Инес Де Рамон го прослави својот роденден во Л.А. без Бред Пит

Urednik

Сценаристите на „Пријатели“ открија како се чувствувал Метју Пери неколку недели пред неговата смрт

Urednik