СТАНДАРД life
Шоубиз

Познат модел: „Мојата исхрана се состоеше од кокаин, една рака ориз и две јајца неделно…“

Поранешниот американски модел Беверли Џонсон (71) се присети на своите денови на врвот на кариерата во 70-тите години, кога учествуваше на ревии за речиси сите најголеми модни куќи.

Таа зборуваше за Page Six за нејзината борба со зависноста од дрога, која првпат ја пробала на почетокот на нејзината кариера, со цел да остане слаба.

– Мојата исхрана се состоеше од кокаин, грст ориз и две јајца неделно – изјавила манекенката.

Таа објасни и дека конзумирањето дрога е составен дел од секојдневието на многу нејзини колеги.

– Не убедија дека кокаинот не предизвикува зависност. Не знаевме дека кокаинот предизвикува зависност. Сите користеа дрога, но таа конкретна дрога за модели се користеше затоа што не јадевме – рече таа, а потоа додаде: „Се сеќавам дека јадев две јајца и една чинија кафеав ориз неделно. Ќе се тресев во таксито и ќе го запрев возачот затоа што требаше да земам пакетче М&М. Тогаш за прв пат јасно ги видов моите коски и се ‘разбудив’ – се присети манекенката која педесет години не конзумирала опијати.

Поврзани вести

Пропадна уште едно пријателство на Меган Маркл?

Urednik

Бен Афлек и Џенифер Лопез го започнаа денот со слатки бакнежи

Urednik

📸 Хали Бери каква што досега не сме ја виделе: Актерката предизвика лавина коментари на Инстаграм со нејзиниот стајлинг

Radmila Tasevska