СТАНДАРД life
Шоубиз

Се омажи позната актерка, на свадбата „еден тон“ познати

Актерката Маргарет Куоли викендо се омажи за музичарот Џек Антоноф. Свадбата се одржа во Њу Џерси, а меѓу гостите имаше многу познати личности. Невестата сменила два фустани, а особено воодушевила со изборот на чевли. Многу интересни детали пристигнуваат од венчавката за која од вчера се коментира.

Ѕвездата од „Fosse/Verdon“ одбрала романтичен фустан, со превез од бајка, минимална шминка и накит, додека за свечениот дочек избра сатенски фустан и чевли со ниска потпетица. Првиот стајлинг го заврши со балетанки – кои се и елегантно и удобно решение.

Познатата пејачка Тејлор Свифт и манекенката Кара Делевињ беа на свадбата на 28-годишната актерка и фронтменот на „Bleachers“. Меѓу познатите гости беа Зои Кравиц и Ченинг Тејтум, Лана Дел Реј и Енди Мекдауел. На пробата за венчавка присуствуваа и сите, а славната Енди докажа дека не отстапува од трендот на седа коса.

Славните младенци ја започнаа својата врска во 2021 година, а следната година дебитираа како пар на наградите Critics’ Choice Awards.

Поврзани вести

ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈКА: Џегер во среда го слави својот 80-ти роденден, а на забавата кани повеќе од 300 луѓе

Urednik

📸 Канје Вест со сопругата на дуел од ЛШ во Милано

Radmila Tasevska

Камерон Дијаз: Брачните парови треба да живеат во посебни куќи

Urednik