СТАНДАРД life
Шоубиз

Шерон Стоун не била првиот избор за улогата во „Ниски страсти“: „Мајкл Даглас не сакаше ни да тестира снима со мене“

Актерката Шерон Стоун стекна светска слава со улогата во филмот „Ниски страсти“.

Главната улога, инспектор кој го истражува убиството на рок-ѕвезда, ја имаше Мајкл Даглас, а осомничена беше Кетрин Трамел, која ја толкуваше Шерон Стоун.

Оваа улога потоа и отвори нов пат на младата актерка и брзо ја прослави, но и донесе и бројни проблеми.

На самиот почеток на работата на филмот, кој се здоби со огромна популарност, Шерон Сроун не беше првиот избор за оваа улога, како што самата изјави во едно интервју.

Имено, Мајкл Даглас бил скептичен кога му кажале дека ќе му биде партнерка, бидејќи сметал дека е потребна многу попозната актерка за да го долови ликот на Кетрин Трамел, а инсистирал да донесат друга.

„Мајкл не сакаше ниту пробно снимање со мене. Тоа беше голем ризик за него во тоа време. Сакаше позната актерка“, изјави тогаш Стоун.

Сепак, филмскиот режисер Пол Верховен во тоа време работел на филмот „Total Recall“ со атрактивната русокоса, па беше решен и покрај се да и понуди улога во „Ниски страсти“.

За да ја испочитува желбата на Мајкл Даглас, покрај него да игра позната актерка, режисерот повикал многу звучни имиња од сетот на филмот на тест снимање, но ниту една актерка не била толку успешна како Шерон Стоун.

Верховен рече: „Во ред, ќе направиме пробно снимање со другите актерки, но после секое, јас ќе ја пуштам снимката со Шерон“. Имаа пробно снимање со 12, 13, 14 актерки, но ниедна од нив не можеше да ме надмине. Така Мајкл конечно реши да направиме тест-снимка заедно“, се сеќава Стоун.

Пол Верховен верувал во младата актерка, па ја советувал да се фокусира на подигнување на нејзиниот сексапил на највисоко можно ниво.

„Дојдов на сетот и носев одело на Армани на кое ги потрошив сите пари. Купив и речиси проѕирна блуза со боја на кожа и не носев ништо под неа. На проба ја соблеков јакната на сред сцена. Го видов Мајкл како прво ме гледа, а потоа го гледа Пол и му вели: „Избери ја.“ Не се ни шминкав, верував дека се треба да биде голо. И пробата помина одлично. Ја добив работата“, истакна Стоун.

Поврзани вести

Линда Евангелиста изненади со изјавата дека не е во врска повеќе од 5 години, ниту пак сака да биде

Urednik

Ен Хатавеј: „Ми велат дека изгледам добро за моите години, но воопшто не размислувам за тоа“

Urednik

Откако поднесе барање за развод минатата недела, Аријана Гранде веќе има нова љубов

Urednik