СТАНДАРД life
Шоубиз

Софија Вергара го покажа гардероберот, вниманието го украде коментарот на колегата од „Модерното семејство“ (ФОТО)

Актерката Софија Вергара ги воодушеви следбениците на Инстаграм кога објави фотографии од нејзиниот огромен плакар кој зафаќа цела соба. Во тој плакар има се – од чевли, луксузни чанти, облека на црвениот тепих до лежерни модни комбинации.

На големата маса во средината на собата има фотографии од Софија од младоста, а една од нив ја ставила и на ѕидот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Гости на Софија беа Џули Бовен и Џеси Тајлер Фергусон, колеги од серијата „Модерно семејство“, како и сопругот на Фергусон, Џастин Микита. „Попладне со моите омилени луѓе на светот, вратете се поскоро, ќе ми недостигате“, напишала Софија.

Друштвото се забавуваше и се фотографираше во плакарот, а Џастин позираше и со еден куп штикли на Софија. Колегата од серијата коментираше на објавата.

„Барем еднаш уживав што бев во плакарот“, напиша Џеси под објавата на Софија, а неговиот коментар им се допадна на повеќе од 28.000 луѓе.

Поврзани вести

(ФОТО)Новата тетоважа на Анџелина Џоли ги изненади сите

Urednik

Ким Кардашијан и нејзината мајка поднесоа тужба за клевета против Реј Џеј поради обвинувања за рекетирање

Urednik

📸 Лицето на Меган Фокс ги шокираше обожавателите: „Нејзиниот лекар треба да биде обвинет“

Radmila Tasevska