СТАНДАРД life
Шоубиз

Том Холанд откри колку се мачел додека ја снимал „The Crowded Room“

Серијата The Crowded Room беше објавена на почетокот на оваа година, а главната улога во неа ја толкува британскиот актер Том Холанд. Тој го играше Дени Саливан, кој се бори со растројство на личноста.

Серијата, која има вкупно 10 епизоди, е базирана на Американецот познат како „Силувачот на кампусот“, Били Милиган, кој тврдел дека има 24 различни личности. Поради неговото нарушување, тој подоцна беше прогласен за невин на суд.

Холанд на почетокот на годинава најави дека ќе паузира од актерството. Тој се занимава со овој бизнис од својата 11-та година, а The Crowded Room едноставно го здробила. Сега, на панелот на Deadline, за прв пат по завршувањето на штрајкот на актерите, тој погледна наназад на снимањето и го спореди со филмовите на Марвел.

„Во еден момент морав да земам една недела одмор. Бев среќен затоа што само требаше да се ресетирам пред да влеземе во последната фаза од снимањето. Ја имав таа луда фризура. Ќе се разбудев наутро, ќе одев да ги мијам забите и ќе се плашев од тоа што го гледам. Навистина се мачев. Порано сонував како да сум Дени и понекогаш реагирав како него на одредени работи“, призна Холанд.

“Навикнат сум да снимам три месеци, а потоа да продолжам понатаму. Навикнат сум и да играм суперхерој. Тоа е нешто сосема друго. Зборуваме за борба со Танос и вселенски бродови. Кога ќе си одиш дома по такво снимање, ништо не се менува“, објасни актерот.

Поврзани вести

Шакира за раскинувањето со Пике: Верував во „додека смртта не не раздели“, бев посветена

Urednik

И по 22 години брак, Пирс Броснан сè уштезаљубено гледа во неговата Кили

Urednik

По Либан и Кувајт, и Алжир го забрани филмот „Барби“

Urednik