СТАНДАРД life
Шоубиз

„ТРАЧАЊЕ“ НА ЗЛАТНИОТ ГЛОБУС: Видеото стана вирално – го озборуваа актерот кој донесе СТАРЛЕТА на доделувањето!

Синоќа во Беверли Хилс се одржаа наградите „Златен глобус“, каде триумфираа филмовите „Опенхајмер“ и „Барби“, серијата „Наследниците“, а Киеран Калкин одржа говор за паметење.

На церемонијата присуствуваше и Тејлор Свифт, која водителот ја „боцна“ поради нејзиното момче Тревис Келце, а тука беше и старлетата Кајли Џенер, која тајно пристигна како придружничка на актерот Тимоти Шаламе.

Додека „обичниот свет“ на социјалните мрежи го коментираше „пластичниот изглед на реалити милијардерката“, познатите пејачки и актерки го коментираа нејзиното однесување!

На Твитер беше објавено видео на кое се гледа моментот кога Селена Гомез им приоѓа на Тејлор Свифт и на нејзината пријателка и вели „Побарав да се сликам со него, а таа рече „не““.

Шокираниот изглед на лицето на Тејлор Свифт говореше дека знае за кого станува збор, но нејзината пријателка, гледана од друг агол на видеото, сепак праша: „Тимоти?“, на што Селена кимна со главата.

Поврзани вести

Принцот Вилијам проговори за прв пат по дијагнозата на неговиот татко

Radmila Tasevska

Леонардо Дикаприо откри непознати детали од раната кариера: „Ме замолија да го сменам името“

Urednik

📸 Канје ја снимал сопругата облечена во костим од латекс, луѓето пишуваат: „Како да не е вистинска“

Radmila Tasevska