СТАНДАРД life
Шоубиз

Вил Смит се огласи за тврдењата дека е геј

ВИЛ Смит жестоко ги негираше тврдењата дека еднаш бил фатен како има секс со актерот од „Принцот од Бел Ер“, Дуан Мартин. Ова во интервју го изјави неговиот поранешен личен асистент, Брат Билал.

Билал тврди дека еднаш ги нашол Смит и Мартин како имаат секс во соблекувална.

„Ја отворив вратата од соблекувалната на Дуан и тогаш ги најдов како имаат анален секс. Вил беше наведнат на каучот, а Дуан стоеше таму и го убиваше, навистина го убиваше“, изјави Билал во сега виралното интервју.

Откако приказната се прошири, Смит се огласи преку портпарол и ја нарече приказната „целосна измислица“. Тој најави и тужби.

Дуан Мартин (58) беше во брак со актерката Тиша Кембел од 1996 до 2020 година. Со Смит соработуваше на неколку проекти, а во серијата „Принцот од Бел Ер“ се појави во две епизоди играјќи го ликот на Др. Дуан.

Поврзани вести

Аријана Гранде и Далтон Гомез официјално поднесоа барање за развод

Urednik

Ирина Шајк откри каков татко е Бредли Купер: „Тој е најдобриот татко за кој Леа и јас можевме да сонуваме“

Radmila Tasevska

Продолжението на „Барби“ под знак прашалник

Urednik