СТАНДАРД life
Стил

📷Овој капут за миг ве подмладува, а ќе ве воодушеви со својата мекост и топлина

Комбинацијата на живи бои и лелеави текстури можеби изгледа како нешто резервирано за 20-годишни девојки, но познатата седокоса трендсетерка Грис Ганем уште еднаш ги убеди сите и блесна во младешки стил.

Канадската модна икона покажа колку два актуелни трендови можат да и прилегаат на позрела дама – облечена во розово и нежно кадифено палто.

Токму кадифениот капут, Ганем го претвори во клучно парче од нејзиниот стајлинг, а за разлика од некои трендсетерки како Емили Ратајковски која е наклонета кон макси крој, 59-годишната девојка носеше кратко палто со патент.

Поради нивниот шик изглед и неверојатна удобност, кадифените капути се меѓу најомилените парчиња од сезона во сезона, со кои едноставно не можете да погрешите во постудените денови. Особено ако сте позрела дама, затоа што овој капут за миг ги брише годините и остава впечаток на лелеавост и живост!

Исто така, Грис Ганем воодушеви со изборот на боја, бидејќи, како и секогаш, наместо неутрални бои носеше ефектни нијанси и избра капут во пастелно розова боја.

Покрај тоа, таа носеше и розови панталони со широки ногавици, кои се совршени за стилизирање на впечатливи стајлинзи од уличната мода, а сè заокружи со црна чанта со црвени точки и кафена рачка и црвени чевли.

Поврзани вести

📸 Дакота Џонсон и пркоси на зимата во целосно проѕирен фустан

Radmila Tasevska

Ревија на Амал Клуни во Венеција: Славната адвокатка го украде центарот на вниманието и со овој фустан

Urednik

Венчаницата на оваа невеста ги воодушеви сите – кога ќе ја погледнете, ќе разберете зошто (ФОТО)

Urednik