СТАНДАРД life
Стил

📸 Можете ли да верувате дека оваа жена има 74 години?

Вера Ванг беше олицетворение на гламурот во долг бел фустан на гала вечерта на БАФТА 2024. Модната легенда ги сврте главите во елегантен аутфит кој имаше соодветна качулка. Таа додаде остар шмек на својата комбинација со пар црни ракави.

Познатата дизајнерка, родена во 1949 година, стана вирална сензација на социјалните мрежи поради нејзиниот изглед кој им пркоси на возраста. „Те молам, Боже, во следниот живот да се родам како Вера Ванг“, „Воопшто не старееш“, „Инспирација“, „Убава и преубава“, се дел од коментарите на фановите.

Таа ја откри тајната на својот изглед

Ванг ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед во интервју за BBC 100 Women минатата година. Покрај тоа што верува дека „добриот сон вреди злато“, на крајот од денот се почестува со коктел од вотка, кој го смета за магичен еликсир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Wang (@verawang)

„Во мода сум од својата 19. Никогаш не размислував за својот изглед, веројатно затоа што секојдневно работам со најубавите жени на светот. Ги сметам за мои музи и можеби тоа е добар начин да се справам со стареењето. Затоа секогаш велев дека тајната е во коктел со вотка“, вели таа.

Поврзани вести

Ана Винтур предизвика хаос на модната недела во Њујорк

Urednik

📸Северина во комбинација создадена за да привлече внимание

Urednik

Софија Вергара и Хајди Клум доминираа во возбудливи бои

Urednik