СТАНДАРД life
Стил

📷Ќерката на Моника Белучи од својата мајка наследи не само убавина, туку и чувство за стил

Дева Касел, 19-годишната ќерка на познатите актери Моника Белучи и Винсент Касел, не само што ги наследила најдобрите гени на своите родители, туку редовно се истакнува во модата, исто како и нејзината прекрасна мајка.

Заносната бринета го украде вниманието во Palazzo delle Esposizioni во Рим на предпремиерата на „Убавото лето“ (La Bella Estate) на италијанската режисерка Лаура Лучети.

Дева се одлучи за шик црно-бела комбинација, која никогаш не излегува од мода и секогаш изгледа елегантно.

Дева Касел
Дева Касел

Манекенката, актерка и амбасадорка на „Cartier“ воодушеви во бела кошула и долго црно здолниште, а оваа непогрешлива комбинација ја надгради со црн кожен ремен со прицврстување на корсет.

Природната шминка и долгата пуштена коса одлично се вклопуваат во ова стилско издание на талентираната убавица.

На претпремиерата, на Дева и се придружија нејзините колеги од филмот, младиот француско-италијански актер Николас Маупас, италијанската актерка Јиле Јара Вианело и режисерот Лучети.

Инаку, покрај тоа што се појави во овој филм, таа глумеше и во серијата на Нетфликс „The Leopard“, адаптирана од книгата на Џузепе Томази Ди Лампедуза, додека како модел дебитираше во 2019 година, станувајќи заштитно лице на парфемот Dolce Shine од италијанското модно дуо Dolce & Gabbana.

Поврзани вести

📸Пенелопе Круз блесна во романтичен фустан, а потоа суптилно ја откри долната облека

Urednik

📷Мег Рајан воодушеви со одличен фустан, но фризурата се покажа како вистински хит

Urednik

📷Едноставен, а сепак толку добар стајлинг: Поради ова, балетанките никогаш нема да излезат од мода

Urednik