СТАНДАРД life
Стил

📸Ким Катрал ги привлече сите погледи во екстравагантен мини фустан

Ким Катрал (67) се појави во сензационално издание на наградите на списанието „Harper’s Bazaar“ за жени кои ја одбележаа оваа година.

Атрактивната актерка, која и во седмата деценија може да се пофали со хармонична фигура, ги маѓепса сите во екстравагантна креација од златна сјајна ткаенина со драматично истакнати раменици и големи украсни копчиња.

Ким Катрал
Ким Катрал

Мини фустанот кој ги истакна нејзините витки нозе, фаталната Сем Џонс од „Сексот и градот“ го искомбинира со лакирани мокасини, чанта „писмо“ и стејтмент обетки. Косата стилизирана во лежерни бранови и гламурозна шминка одлично се вклопуваат во ова нејзино модно издание.

Познатата русокоса на овој настан беше придружувана од нејзиниот долгогодишен партнер Расел Томас (53), аудио инженер на BBC, во елегантен црн костум со бела кошула и црна машна.

Поврзани вести

📸Најголемата ѕвезда на денешницата носи обувки кои ги обожаваат бабите со многу стил

Urednik

📷Ријана повторно е русокоса, а ново-стариот имиџ се издвојува со најпосакуваните капути

Urednik

Сензационален изглед: Џесика Честејн блесна во златен фустан со вртоглаво деколте

Urednik