СТАНДАРД life
Стил

Фармерките што ги носи Пенелопе Круз се безвременска класика и не прават послаби

Пенелопе Круз, наградуваната шпанска актерка и муза на Педро Алмодовар, во секоја прилика потврдува дека не знае за грешки кога се во прашање модните избори.

Згодната бринета, која со години е во брак со Хавиер Бардем, со кој има две деца, прошета во Лос Анџелес во лежерно летно издание.

Убавата Шпанка редовно се истакнува на црвениот тепих, но со овој шик стајлинг докажа дека знае да прави генијални дневни модни комбинации.

Пенелопе вешто искомбинирала пократок горен дел со весел „пејсли“ дезен со фармерки со права нога во варијанта на темен тексас кој одговара на секоја фигура.

Пенелопе Круз
Пенелопе Круз

Тоа е класичен, ласкав модел со кој не можете да погрешите бидејќи има дополнителен плус – ја издолжува фигурата и не прави послаби.

Шпанската актерка го комплетираше овој кул изглед со шик апостолки украсени со нитни.

Суптилната шминка и косата ишарани со полесни прамени стилизирани во лежерни бранови го комплетираа ова беспрекорно издание на 48-годишната Пенелопе.

Поврзани вести

📸Тешко е да се каже која има повпечатлив аутфит – Ким Кардашијан или Иванка Трамп

Urednik

📸ОВОЈ ФУСТАН Е ТЕМА БР.1 ВО СВЕТОТ НА МОДАТА: Чини над 2.000 долари, а најуспешната жена направи да изгледа УШТЕ ПОСКАП

Urednik

📸 Мајли ги привлече погледите на Греми со овој фустан: Дизајнерот работел на него 675 часа

Radmila Tasevska