СТАНДАРД life
Стил

Фустанот кој го поцрвени црвениот тепих на овогодинешната Венеција

Гламурозните настани, како што е Филмскиот фестивал во Венеција, речиси секогаш предизвикуваат модни креативци за чии комбинации се зборува со денови.

И додека некои тоа го прават со беспрекорна елеганција, други го привлекуваат вниманието со екстравагантен стил на облекување кој некои ќе го опишат како претеран, а други лесно ќе го класифицираат како моден – затоа што не познава граници.

Една од познатите жени кои дефинитивно привлекоа внимание на 80. Филмски фестивал во Венеција е манекенката со африканско потекло Лејла Депин, која се појави на премиерата на американската акциона комедија „Hit Man“.

Лејла е позната по нејзиниот неконвенционален начин на облекување, со кој сака да пренесе дека разголените изданија сепак можат да бидат вкусни доколку се носат на вистински начин. Тоа го покажа со најновиот моден избор кој се состои од навистина впечатлив фустан и внимателно одбрани модни додатоци.


Провокативниот фустан е всушност комплет метални синџири кои го открија речиси секој дел од нејзиното тело. Макси фустанот речиси воопшто не содржи ткаенина, освен на страната каде срамежливо покрива дел од ногата. Врзан е во пределот на вратот, допира до подот и е украсен со циркони.

Под фустанот се гледаа гаќички во боја на кожа кои суптилно ги сокриваа интимните делови од телото. Лејла само ја пушти витканата коса, а комбинацијата ја заокружи со едноставни чевли со златни потпетици и алки во иста боја.


Можевме да видиме и дека Лејла е една од познатите жени чиј моден стил имаше порака и на овогодинешниот филмски фестивал во Кан, кога се појави во слично издание.

Таа тогаш облече сребрен фустан со истиот ефект, а на почетокот на месецов, на премиерата на Холи пристигна боса, исто така во фустан со ефект на искината ткаенина.

Поврзани вести

Нежно издание на Никол Кидман: Спектакуларниот фустан го истакна со најпосакуваните чевли на есента

Urednik

📸Софија и Никол Ричи ретко се појавуваат заедно, а кога го прават тоа е спектакуларно

Urednik

Ана Ивановиќ со чанта од 30.000 евра за која има и листа на чекање

Urednik