Актерката Сара Џесика Паркер блесна на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Daily Front Row Fashion Meda“, привлекувајќи внимание во заводлив фустан со корсет во преден план.
Ѕвездата од „Сексот и градот“ носеше креација на Оскар де ла Рента во виолетова тантела, долги ракави и отворено деколте со трендовски корсет за допир на сензуалност.
И додека овој фустан никого не остави рамнодушен, неговата комбинација со чевли и чанта предизвика поделени мислења кај обожавателите на кои особено не им се допадна изборот на бои.
Имено, Паркер заедно со нејзиниот виолетов фустан носеше лимон жолти салонки и сина лакирана чанта, а фановите не го криеја разочарувањето од нејзиниот аутфит:
„Ова е идеалниот стајлинг… за бабата на невестата“, „Дефинитивно не е нејзиното најдобро издание“, „Се’ изгледа многу евтино“, „Едноставно НЕ“, беа само дел од коментарите.
Сара Џесика Паркер ја избра чантата на годината – неодолив модел кој може да се носи на многу начини