Ешли Греам се појави на настан организиран по повод Миланската модна недела.
Манекенката која магазинот Maxim ја прогласи за најсекси жена на светот во 2023 година, се појави во црн мини фустан со син омбре ефект. Носеше и најлонки и сандали.

Убавицата која беше откриена на 12 години во трговски центар има многу успешна кариера. Таа соработува со светски познати брендови, повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на Инстаграм, а многу жени ширум светот наоѓаат инспирација во неа бидејќи нејзините облини го сменија начинот на кој се гледа женското тело.
Таа често ги споделува своите природни фотографии без никакво разубавување или филтри за да ја истакне нејзината природна убавина и гордо ги покажува своите стрии и целулит. Таа напиша и инспиративна книга наречена „Како навистина изгледаат самодовербата, убавината и моќта“.